среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

За да добиете 28.800 денари поврат на ДДВ ќе треба да потрошите 18 илјади евра

За да добиете 28.800 денари поврат на ДДВ ќе треба да потрошите 18 илјади евра

50 милиони евра ќе се враќаат на населението како поврат на 15% од платениот ДДВ. Денеска Владата ја претстави мобилната апликација, преку која ќе се одвива овој процес.

Од први јули стартува најавената мерка со која граѓаните ќе добиваат поврат од 15 отсто од платениот данок на додадена вредност (ДДВ).

Математиката, покажува дека на секоја сметка од 1.000 денари, на која ДДВ е 18 %, повратот би бил цели 27 денари. На сметка од 10.000 – 270 денари или на потрошена цела просечна плата од 26.000, поврат би бил 702 денари.

Најмногу 28.800 денари годишно ќе може да добие четиричлено домаќинство. Тоа е ограничувањето.

Пресметките сепак говорат дека за да се „врати“ толкав износ, ќе треба за една година едно семејство да потроши 18.000 евра.