среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Економија

Задолжувањата ни станаа секојдневие: Владата наредната недела ќе нѐ заборчи за нови 58 милиони евра

Задолжувањата ни станаа секојдневие: Владата наредната недела ќе нѐ заборчи за нови 58 милиони евра

Капитални инвестиции нема, а Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар. Министерството за финансии за 30 октомври закажа аукција на хартии од вредност со која планира да повлече нови  3,55 милијарди денари односно околу 58 милиони евра.

Владата на почетокот на оваа година се задолжи со еврообврзница од половина милијарда евра за која само по основ на камати треба да се платат 96 милиони евра.

Истовремено расте и јавниот долг. Вкупниот јавен долг на Македонија на крајот на вториот квартал од 2018 година изнесува 48,8% од БДП, што претставува зголемување за 0,6 п.п. во однос на претходниот квартал, покажуваат најновите податоци на Народната банка.