среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Економија

Задолжувањата станаа секојдневие: Владата денес ги заборчи граѓаните за нови 12,7 милиони евра

Задолжувањата станаа секојдневие: Владата денес ги заборчи граѓаните за нови 12,7 милиони евра

Капитални инвестиции нема, а Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар. Министерството за финансии денеска преку аукција на државни хартии од вредност ги задолжи граѓаните за нови 780 милиони денари, односно 12,7 милиони евра. Владата на почетокот на оваа година се задолжи со еврообврзница од половина милијарда евра за која само по основ на камати треба да се платат 96 милиони евра.

И покрај енормните задолжувања, реализацијата на државните инвестиции во Република Македонија целосно потфрли, согласно објавените податоци на Министерството за финансии. Продолжува рекордно ниското ниво на капитални инвестиции и покрај владините најави дека реализацијата ќе се забрза.

Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека во перидот од јануари до јули  годинава се реализирани само 21,33 отсто од планираните капитални инвестиции за целата година. Ова е убедливо најмалку во последната деценија. За годинава беа планирани 392 милиони евра за капитални инвестиции.

Во првиот квартал од 2018 година бруто домашниот производ оствари раст од 0,1 отсто.