Цената на становите во метрополата вртоглаво расте. Во Центар и Карпош стигна до 1.600 евра квадрат, а наскоро таа може да се качи и до 2.000 евра- алармираат градежниците, пишува Вечер.
Според нив, немањето доволни локации за градење во атрактивните зони, блокирањето на ДУП-ови во некои општини, како и неносењето нови ДУП-ови за формирање нови локаци по општините се главните причини за стаганција во градежниот сектор.
,,Нема нови градби, се е запрено и затоа се зголемува цената на недвижностите”-велат од стопанските комори.
Салим Хасани, претседател на Групацијата на градежништво при Стопанската комора на Северозападна Македонија на стартот на годинава ги повика новите градоначалници да ги откочат детално-урбанистичките планови.
Тој потенцираше дека намалување на новите градби и зголемувањето на цената на локаците директно влијае на цената на становите. Како друга директна причина е порастот на цените на градежните материјали и енергентите, каде што порастот е од 20 до 100 проценти.
„Вртоглавиот“ раст, како што го квалификуваат носителите на бизнисот со недвижности, се должи на немањето доволно локации за градење, блокираните детални урбанистички планови и неносењето нови, порастот на цената на градежните материјали, но и на работната сила, која сè почесто заминува во странство.
Целиот текст на Вечер.