вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Занаетчиите бараат да им се исплати ветената финансиска помош

Занаетчиите бараат да им се исплати ветената финансиска помош

Занаетчиите апелираат да се исплати финансиската помош за плата за октомври, за да не добиваат опомени од УЈП за неисплатена плата и да можат да се извлечат од повеќемесечната криза.

Претседателот на регионалната занаетчиската комора на Куманово и претседател на ЗКРСМ, Агрон Фазлији, рече дека на занаетчиите им се заканува опасност од затворање на дуќаните.

– Занаетчииите станаа неликвидни, дури и тие што се самостојни вршители на занаетчиска дејност и тие што имаат повеќе вработени. Ние како занаетчиска комора на Република Северна Македонија поставивме наши мерки кои ги пративме до институциите и тие беа прифатени. Но, оваа мерка од минимална плата која требаше да се даде за октомври, голем број од занаетчиите аплицирааа, ја добија, но, сѐ уште ги немаат средства на нивните сметки. Затоа ние реагиравме, бидејќи само оваа мерка ги држи занаетчиите во живот и работните места, изјави Фазлији.

Тој додава дека се задоволни од досегашната поддршка на институциите и очекува и овие средства да пристигнат на сметките на занаетчиите.

-Сега е моментот институциите да излезат во пресрет, од осамостојувавњето до денес, занаетчиите никогаш не барале поддршка од државата. Гледаме дека има позитивно мислење, дека институциите се трудат да ни помогнат и нам и на другите, но јас ги молам што побргу да се исплатат овие средства кај занаетчиите, бидејќи само ова не држи во моментов во кондиција, повика Фазлији.

Занаетчиите се соочуваат со намален број муштерии, некои сектори веќе се неликвидни, а особено старите занаети, за кои се подготвува решение.

– Во моментов најголема грижа имаат профитабилните занаетчиства кои се поврзани тесно со свечените настани, скоро една година некои сектори не работат, нема свадби, крштевки, родендени, венчавки, во тотална криза се, занаетчиството е најпогодено во моментов, вели Фазлији.

На ниво на државата евидентирани се 6.000 самостојни занаетчиски дејности, а бројот на фирми кои вршат занаетчиска дејност е многу поголем. Во Куманово се регистрирани 600 занаетчиски дејности. Дваесеттина занаетчии аплицирале за мерките за репороматеријали од Куманово, а на ниво на државата интересот е огромен.
– Добро е што Министерство за економија даде можност занаетчиите за првпат да можат од 16-ти месецов да користат и бескаматни кредити, вели Фазлији.

Извор: Слободен печат