Вкупниот промет во индустријата во јуни годинава е зголемен за 19,2 отсто на годишно ниво и за 0,8 отсто на месечно ниво, додека во првите шест месеци од годинава бележи пораст од 17,5 отсто во споредба со истиот период од минатата година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот промет во индустријата во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,3 отсто, Капитални производи за 26,6, Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,9 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 17 отсто.
Прометот во индустријата, пак, на домашниот пазар, во јуни е зголемен за 9 отсто на годишно, односно за 4,5 отсто на месечно ниво, а во привите шест месеци од годинава во однос на истиот период лани бележи зголемување од 15 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14,3 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,8 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,8, додека опаѓање има кај Капитални производи за 8,5 отсто.
Прометот во индустријата на странските пазари, во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година е зголемен за 22 отсто, во споредба со мај 2022 година зголемувањето е за 0,1 отсто, а во првите шест месеци од годинава е за 17,8 отсто повисок отколку во истиот период лани.
При тоа прометот во индустријата на странските пазари бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,4 отсто, Капитални производи за 26,7 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 25,6 отсто, додека опаѓање од 9 отсто има кај Tрајни производи за широка потрошувачка.