Прометот во индустријата, вкупно, во август годинава во однос на август лани е зголемен за 17, 6 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во август 2022 година, во однос на август 2021 година, бележи пораст кај Капитални производи за 42,9 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 25,3 проценти, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9,2 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 9,6 проценти.
Прометот во индустријата, вкупно, во август споредено со јули годинава, е зголемен за 3,4 отсто, а во периодот јануари – август годинава споредено со истиот период лани за 16,6 проценти.
На домашниот пазар, прометот во индустријата, во август годинава, во однос на август минатата година, истотака бележи раст, за 13,9 проценти. Според главните индустриски групи, во август годинава во однос на август минатата година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14,8 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,1 процент и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 19,8 проценти, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 47,9 проценти.
Податоците на ДЗС покажуваат дека прометот во индустријата на домашниот пазар, во август 2022 година, во однос на јули 2022 година, е зголемен за 4,3 проценти, а во периодот јануари – август 2022 година, во однос на периодот јануари – август 2021 година, за 13,1 процент.
Прометот во индустријата на странските пазари, во август годинава, во однос на август минатата година, е зголемен за 19,1 отсо.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во август 2022 година, во однос на август минатата година, бележи пораст кај Капитални производи за 44,7 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 30 проценти, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 17,5 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 24,3 проценти.
Прометот во индустријата на странските пазари, во август во однос на јули годинава е зголемен за 4,3 отсто, а во периодот јануари – август годинава, во однос истиот период од минатата година, за 17, 3 проценти.