понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Зголемени цените на производителите на индустриски производи

Зголемени цените на производителите на индустриски производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2022 година, Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1.5 % на месечно и за 21.9 % на годишно ниво.

Во јуни 2022, во споредба со мај 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Енергија за 1.1 %, Капитални производи за 0.4 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.1 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.3 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 1.1 %.

Во јуни 2022, во споредба со јуни 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 25.3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 28.6 %, Капитални производи за 75.3 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 7.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14.6 %.