Во јули годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар биле повисоки за 3,9 отсто на месечно и за 24,8 проценти на годишно ниво, соопшти Државниот завод за статистика.
Во јули 2022 во споредба со јуни 2022, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки само во групaта Енергија за 21,3 отсто, додека во споредба со јули 2021, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 38,4 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 26,6, Капитални производи за 74,8, Трајни производи за широка потрошувачка за 6,6 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 15,5 проценти.