Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки на месечно ниво за 0.1 %, а за 11.5 % на годишно ниво.
Во јануари 2023, во споредба со декември 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1.5 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 8.3 %, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 1.0 %.
Во јануари 2023, во споредба со јануари 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4.4 %, во секторот Преработувачка индустрија за 11.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 14.1 %.