сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Ѕвонко Станковски, директор на Дирекцијата Tрежри во УНИБанка: Инвестицијата во златни монети е најсигурната и најисплатливата инвестиција на долг рок

Ѕвонко Станковски, директор на Дирекцијата Tрежри во УНИБанка: Инвестицијата во златни монети е најсигурната и најисплатливата инвестиција на долг рок

Во нашата земја постои традиција на пренесување на златниците низ генераците. Историските златници се дел од нашата историја и отсекогаш претставувале вредна инвестиција. И денес постои обичај на новороденчињата да им се подари  златник за среќа!

Златните монети се враќаат на големо! Во време на економска, политичка и финансиска нестабилност, на зголемена неизвесност во светот, златото повторно ја потврдува својата традиционална улога како гарант на богатството и стабилизатор на инвестициските портфолија. Цената на златниот метал веќе  достигна над 2000 американски долари за една  трој унца, ниво што долго би можело да биде пазарна реалност со оглед на инфлацијата  во голем број водечки економии. И во нашата земја  состојбата со инфлацијата е иста како во светски рамки.

УНИБанка е единствената банка на македонскиот пазар која увезува  инвестицискo злато, што вклучува тргување со златни плочки и монети со највисока чистота, и која како резултат на тоа го има епитетот “The bank of gold”.

Златните плочки и златните монети предизвикуваат голем интерес кај македонските граѓани и компании, што за нашата редакција беше мотив да разговараме со Ѕвонко Станковски, директор на Дирекцијата  трежри во УНИБанка, кој ги има информациите од прва рака.

На светско ниво расте побарувачката на инвестициско злато. Каков е трендот, кој купува инвестициско злато?

Побарувачката за инвестициски златни плочки и монети бележи раст во светски рамки. Банки, компании, институции, приватни инвеститори,  инвестираат во инвестициско злато како најисплатлива и најсигурна инвестиција. Голема е веројатноста дека следните децении ќе бидат одбележани со зголемено присуство на инвестициското злато во портфолиото  на инвеститорите  и во резервите на централните банки. Централните банки на САД, Германија, Кина, Италија, Франција, и др. веќе ги зголемија своите национални резерви на злато. Тоа го прават и ММФ, Светска Банка и другите развојни банки со намера да ги диверзификуваат своите портфолија на финансиски инструменти. Цената на инвестициското златото континуирано расте така што и во иднина ќе нуди исклучителна финансиска сигурност за инвеститорите.

Кои се предностите на ваквата инвестиција?

Причините за инвестирање во злато останале непроменети низ вековите и може да се сумираат на следниов начин: долгорочно зачувување на вредноста на капиталот, лесно преносливо средство во случј на кризи , исклучително брзо ликвидно средство, а истовремено овозможува диверзификација на инвестициското портфолио. Златото секако е најдобрата  заштита од инфлаторни движења  и ценовни притисоци.

Каква друга вредност овозможува инвестицијата во златни монети?

Вложувањето во златни монети има уште поголемо значење бидејќи тие се многу ликвидни и може многу брзо да се продадат (секогаш има голема побарувачка), може да се употребат како залог за кредит, или едноставно да се зачуваат како вредно наследство за идните поколенија. Купувањето на златни монети (инвестициско злато) е трансакциски чин ослободен од ДДВ, што секако е поттик плус!

Кај некои луѓе чувството да се поседуваат благородни метали, златни монети е нешто бесценето. Тоа им создава чувство како да патуваат низ времето и историјата, да претпостават како изгледал тој свет пред неколку векови. Златото традиционално е благородниот метал кој е најбаран од инвеститорите.

Инвестирањето во злато овозможува релативно голема сума на пари да се депонира  во мал обем и мал простор. Плочка  од 1 кг, на пример, е приближно со големина на мобилен телефон. Така што покрај што е сигурна, таа е и многу практична инвестиција.

Главна карактеристика на инвестициското злато е можноста да се тргува и да се замени за готовина во секој момент по пазарна цена. УНИБанка нуди можност за  купување на продуктите во секој момент по тековна пазарна куповна цена, првенствено за производи од инвестициско злато купени од банката или производи изработени од признати ковачници од London Bullion Market Association (LBMA).

Благодарение на УНИБанка граѓаните и деловните субјекти во земјава можат да купат златни плочки и монети со највисока чистота и да ја осигураат својата финансиска иднина. За кого се наменети?

Без разлика дали станува збор за лица кои се во потрага по најсигурна и најисплатлива инвестиција, или само сакаат да имаат диверзификувано портфолио, дали се професионални трговци со злато, или пак лица кои имаат страст за историјата, пасионирани нумизматичари, УНИБанка за сите нив нуди можност за купување инвестицискo злато. Во оваа наша реномирана финансиска институција може единствено да се купат златни плочки со чистота од  999.9/1000 (24 карати) и златни монети со чистота од 900/1000 (22 карати) и монети со уште поголема чистота до 24 карати, кои ги исполнуваат строгите критериуми за инвестициско злато, стандардот (London good delivery)

Златни монети кои се меѓу најбараните на светско ниво, кои се исковани по 1800 година, и кои во земјата на потекло се или биле законски платежни средства такви се Американскиот Орел (American Eagle), Австрискиот Дукат (Ducat) и Виенската Филхармонија (Vienna Philharmonic), Канадскиот јаворов лист (Maple Leaf), Британската монета (Britannia Gold) и други.

Кој и зошто инвестира во благородни метали?

Вообичаено тоа се приватни инвеститори  кои имаат заштеди, недвижен имот, хартии од вредност додека златото им е  дополнителен инструмент за диверзификација и заштита на инвестициското портфолио. Кои преферираат инвестиција која им гарантира профитабилност без разлика на околностите, инвестиција која лесно се складира и не бара дополнителна грижа и трошоци за одржување.

Што е најново во вашата понуда на златни монети?

Најново во нашата понуда се златни монети со изгравирани ликови на познати, низ историјата, европски суверени кои често пати се популарен избор на  инвеститорите, особено бидејќи се ослободени од ДДВ. Такви се :  20-те швајцарски франци-Vrenelli кои се произведувале во периодот од 1897-1949 година, 20-те белгиски франци- Leopold II (1876-1882), 100-те австриски круни Franz Josef I (1908-1915), 20-те француски франци Louis Philippe I (1830-1848) и други кои носат со себе извонредна вредност заради историската и културната вредност од регионите од кои потекнуваат.

Кои се најчесто бараните златни плочки и  монети?

Во изминатите месеци најголема побарувачка има за златните плочките од  20г , 50г и 100 г ,  а од златните  инвестициски монети  најпродавани се монетата од  Австрискиот Дукат (Ducat), Британската монета (Britannia Gold), Виенската Филхармонија (Vienna Philharmonic), Американскиот Орел (American Eagle) и др.

Објаснете ни го процесот на инвестирање во инвестициско злато?

Во УНИБанка  важи слоганот : ВИДИ, ПЛАТИ, ЗЕМИ.

Клиентите резиденти физички и правни лица кои се заинтересирани за овој вид на инвестиција можат да ја посетат веб страницата на банката: www.unibank.mk, каде ќе ги добијат првичните информации, а можат да се обратат телефонски или на меил, но секако да ги посетат експозитурите на банката каде ќе добијат стручни совети за инвестирање во инвестициско злато, движење на цените на благородните метали и детални информации за производите на банката кои се моментално на продажба, а истите се изложени во витрините на експозитурите.

Клиентот е пожелно да има трансакциска сметка во банката и слободни средства кои планира да ги инвестира во инвестициско злато. По направениот избор на производ од понудениот асортиман и извршената уплата од неговата трансакциска сметка, производот се превзема од благајната во банката. Доколку клиентот изрази желба банката нуди можност за чување на вредносниците во личен сеф.

Од каде го набавувате инвестициското злато?

УНИБанка инвестициското злато го набавува од странски врвни рафинерии за благородни метали од Швајцарија и Германија и реномирани светски познати  овластени дилери на злато. Набавката се одвива преку    платформи за тргување со инвестициско злато по тековни котирани берзански цени.

За инвеститорите вршиме и индивидуален нарачка  на инвестициско злато, што ни овозможува да понудиме атрактивни цени со промптна  испорака..

Доколку Банката во моментот нема доволна количина или асортиман од златните монети и плочки тие се набавуваат веднаш од странските добавувачи  по договарање на количината на бараните производи со заинтерсираниот клиент, по однапред договорени услови и фиксирана цена. Испораката е за неколку работни денови.

Која е предноста од купување благородни метали од банка?

– Прашањето за автентичноста на златните плочки и  монети е од клучно значење.

Рафинериите како што е швајцарскиот гигант PAMP,  го воведе системот VERISCAN за да ги идентификува своите оригинални производи и така да им ја  гарантираат  нивната автентичност.  На тој начин  во банка купувате стандардизирани производи од реномирани светски рафинерии со сите заштитни атрибути и серификати за квалитет и автентичност на производот. Гаранцијата и дискрецијата се загарантирани од нашиот стручен тим.

 Кога треба да се чува златото дома, кога во сеф, односно во банка?

Секој клиент лично одлучува каде ќе го чува купеното инвестициско злато. Но, важно е да се знае дека лесно преносливите плочки  и монети се главен плен во грабежите во домот. Затоа, според експертите, нивното место е во банкарски сеф. Годишниот надомест за изнајмување сеф во банката е со прифатлива цена и не чини многу, а од друга страна  гарантираната сигурност е непроценлива.

Што следи? Какви се експертските предвидувања?

Цените на златото, среброто и платината не се детерминирани само од пазарот, побарувачката и производството, туку и од низа макроекономски фактори. Одредени настани влијаеја директно за наглото зголемување на прометот со злато  и на порастот  на продажните цени на благородни метали. Цената на златото изразена во евра за грам  е во континуиран нагорен тренд  и бележи пораст од околу  70 % во последните 5 години, додека цената во американски долари за трој унца порасна за околу  50 %.

Инвестицијата во златни плочки и монети е најсигурната и најисплатливата инвестиција на долг рок. Уште еднаш во современата историја на човештвото златото ја потврдува својата улога како антитеза на стравот. Глобалната неизвесност, енергетската криза, војната, финансиската криза и високата инфлација уште еднаш ја истакнаа функцијата на златото како спас, пристаниште за инвеститорите во сериозни кризни ситуации.  Како поткрепа на овој тренд е и традиција на овие простори да се претвораат дел од парите во злато. Златните монети и семејните накит од злато и сребро се важен и неделив дел од нашето семејното богатство со векови.

УНИБанка како овластена банка за златни монети и златни плочки, нуди монети и плочки по високо конкурентни цени, а нуди и можност истите да ги чува за своите клиенти. Контакт-веб страницата на банката: www.unibank.mk