среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Фински скијач во неподносливи болки: Половиот орган му замрзнал за време на трка на ЗОИ

Фински скијач во неподносливи болки: Половиот орган му замрзнал за време на трка на ЗОИ

Трката во крос-кантри скијање на 50 километри на Олимпијадата во Пекинг беше скратена на 30 километри, но тоа не помогна на Финецот Реми Линдхолм.

Како што пренесува Гардија, Линдхолм за помалку од еден час и 16 минути ја мина патеката во услови на силен и многу студен ветер, што доведе до тоа што неговиот пенис да се замрзна по вторпат на скијачка трка, по сличен инцидент во Рука, Финска минатата година.

-Можете да погодите кој дел од телото беше малку замрзнат кога завршив… ова беше еден од најлошите натпревари на кои сум бил, изјави тој за финските медиуми.

Бидејќи организаторите беа загрижени дека ќе има смрзнатини кај скијачите на вчерашната трка, таа беше одложена за еден час и скратена за 20 километри. Тенките костуми и долните слоеви што ги носеа тркачите, како и наслагите за покривање на лицата и ушите, беа мала заштита.

Линдхолм објасни дека користел топлинско пакување за да се обиде да го одмрзне пенисот откако трката заврши.

-Кога деловите од телото почнаа да се загреваат по финишот, болката беше неподнослива, додаде тој.