Младата пејачка и ТВ водителка на музичката емисија „Стисни плеј“, Јана Бурческа, го очекува своето второ дете.
Таа пред година и половин ја роди првата ќерка, Дона, а сега очекува момче.
Јана сподели дека е во деветиот месец и јули е последниот од третото тримесечје на бременоста.
Бебето само што не пристигнало, а пејачката открива дека повторно ќе избере модерно име за наследникот.
Првата буква сигурно ќе биде Д, а засега дома дискутираат тоа да биде Дарин.