Српската пејачка Катарина Грујиќ во својот дом денеска го прославува Велигден заедно со семејството.
Таа на својот Инстаграм профил сподели фотографија од своите совршено декорирани јајца, но фановите сепак беа заинтересирани за златните детали во нејзиниот дом.
-Оваа година некако е се поинаку, моето семејство и јас Велигден го прославуваме во мојот дом поради полицискиот час. Прво во петокот ги бојадисав јајцата заедно со мојот миленик, потоа рацете едвај ги измив од бојата, но вредеше, вели пејачката.
Таа за српските медиуми додава дека во самоизолација времето го посветува самата на себе како и правење на планови за кариерата.