Иако викендов на патеката во Кичево требаше да се одржи вториот натпревар од Шампионатот во автомобилизам на круг за годинава, сепак овој натпревар нема да се одржи од причина што техничкиот организатор, како и првиот, го откажа и овој натпревар.
– И покрај тоа што во календарот за годинава, во два термини беа планирани натпревари од Шампионатот во автомобилизам на круг на автодромот во Кичево,сепак поради откажување на натпреварите од страна на техничкиот организатор АКК Рено спорт и овој натпревар нема да се одржи, потврди Автомобилската федерација на Македонија.
Причините за откажувањето и на овој натпревар не се познати, но јасно е дека љубителите на автомобилизмот и брзините од Кичево и регионот останаа пократки за уште еден возбудлив и неизвесен автомобилистички натпревар.Останува нејасно дали и наредните години, како и годинава, автомобилизмот ќе биде осиромашен без Шампионат на кружни патеки.