Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) препорача повторно вклучување на руски и белоруски спортисти во меѓународните натпревари, под неутрално знаме и во индивидуална конкуренција, под услов тие активно да не ја поддржуваат агресијата против Украина.
Препораките на Извршниот комитет на ИОК се однесуваат само на враќање на руските и белоруските спортисти на меѓународните натпреварувања, но не и на Олимписките игри во Париз во 2024 година, за кои ИОК во догледно време ќе донесе одлука.
„Учеството на спортисти со руски и белоруски пасош на меѓународни натпревари функционира. Го гледаме речиси секојдневно во голем број спортови, најмногу во тенис, но и во велосипедизам, на некои натпревари во пинг-понг. Го гледаме во хокејот на мраз, ракометот, го гледаме во фудбалот и другите лиги во САД, но и во Европа, а го гледаме и на другите континенти. На ниту едно од тие натпреварувања немаше безбедносни инциденти“, нагласи претседателот на ИОК Томас Бах во своето обраќање на почетокот на состанокот на Извршниот комитет во Лозана.
Германската министерка за спорт Ненси Фезер изјави дека препораката на МОК е шлаканица за украинските спортисти.
Украина, Полска и балтичките земји веќе подолго време се закануваат со бојкот на Олимписките игри во 2024 година во случај на присуство на руски и белоруски спортисти.