понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Јаневска: Достоинството на наставникот е нарушено, потребно е Владата да изнајде пари бидејќи за наставници станува збор

Јаневска: Достоинството на наставникот е нарушено, потребно е Владата да изнајде пари бидејќи за наставници станува збор

Достоинството на наставниците потребно е во еден акт и ургентно да се реши. Достоинството на наставникот е нарушено, бидејќи ова се минимални средства за нивниот живот, изјави Проф. Д-р Весна Јаневска, претседател на комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат-М Телевизија.

– Кога станува збор за менаџирање на средствата, тогаш станува збор за менаџирање на буџетот а богами и за менаџирање и на криминалот. Толку многу пари се потрошија на криминални дејствија докажани и во процес на докажување коишто се, рече Јаневска

Јаневска посочи дека потребно е Владата да изнајде пари бидејќи за наставници станува збор за луѓе кои ќе ја носат државата во иднина.

– Работа на Владата е да проектира соодветни буџети, тие знаеја и при крајот на годината каква е кризата и при почетокот на годината. Потребно е да направат ребаланс на буџетот и да се скрати криминалот кои го прават. Нека изнајдат пари бидејќи за наставници станува збор, за луѓе кои ќе ја носат оваа држава во иднина, изјави Јаневска.