Пејачката Катарина Грујиќ неодамна потврди дека е бремена и дека го очекува своето прво дете со фудбалерот Марко Гобељиќ со кого тајно се омажи.
Таа е во шестиот месец од бременоста и чека девојче за кое веќе избраа име – Катја. Катерина досега не зборуваше за бременоста, а сега сподели емотивна порака на Инстаграм.
– Најубавиот момент во животот за мене е кога со саканата личност споделив дека едно мало суштество, мешавина од нас двајца доаѓа на свет! Таа среќа и чувство не можат да се опишат! За мене, започнува нов живот, поубав, поисполнет, поодговорен, посреќен! Едвај те чекаме, принцезо наша – напиша таа на Инстаграм со фотографија од нејзиниот труднички стомак во преден план.
View this post on Instagram