На 28.11.2021 во периодот од 12 до 16 часот, спроведена е акциска контрола за санкционирање на непрописно престигнување на територијата на целата држава, во рамките на која вкупно биле санкционирани 84 прекршоци, од кои најголем број на територија на СВР Тетово-39 .
Прекршоците се санкционирани со адекватни поднесоци.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.