Додека стандардот на граѓаните пропаѓа со секој нов ден од кризите, некој дебело профитира и се богати. Тоа ќе го открие аферата Броило, која ќе покаже кои фирми блиски до функционерите на власт ги користеле кризите да направат милиони. Додека Македонија тонела во енергетската криза на некои компании им вртело броилото, ама не колку да платат, туку колку да го наполнат своето банкарско конто, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Народот треба да знае дека додека 12 илјади фирми затвориле, а уште илјадници не знаат како да ги платат сметките за струја во енерегетската кризи некои фирми блиски до власта профитирале од таа криза.
Дезертерот Ковачевски и антимакедонската СДС да кажат кои се фирмите- кризни профитери кои заработиле во време на криза додека целото стопанство тоне а граѓаните осиромашуваат. Дезертерот Ковачевски и антимакедонската СДС да кажат кој и како им овозможил на овие фирми да ги добиваат ваквите бизниси?
Скандалот Броило ќе разјасни многу бизнис шеми за богатење на сметка на се посиромашните граѓани.Скандалот Броило ќе покаже зошто оваа власт преферира кризна состојба и зошто упорно влегува од една во друга, потенцираат од партијата.