недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Македонија од 2024 година ќе се снабдува со гас од Грција

Македонија од 2024 година ќе се снабдува со гас од Грција

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини за време на учеството на шестиот енергетскиот форум за Југоисточна Европа рече дека маркет тестирањето на интерконкеторот со Грција ќе биде готово в понеделник и се надева дека до крајот на годината ќе биде потпишан договорот за изградбата, а најдоцна до средината на 2024 година ќе имаме снабдување со гас од Грција.

Нуредини порача дека Северна Македонија сака да биде гасно независна, најдоцна до 2024 година воопшто да не биде зависна од рускиот гас и затоа работи на интерконекторот со Грција и инвестираше во терминалот за течен гас во Александруполи.

Со оглед на тоа дека форумот се одржува во исто време со состанокот на министрите за енергетика на ЕУ, Нуредини се согласи со ставот на албанската министерка дека требаше и претставници од Западен Балкан да бидат во Брисел, изрази надеж дека колегите од Унијата нема да го заборават регионот, а паралелно ја истакна потребата од регионална стратегија и соработка.