Врнежи од снег денеска се забележани на повисоките места во Пијанец и Малешевија.
Според информации на патници, но и од надлежните лица од „Македонија Пат”, најмногу снег е регистиран на Граничниот премин Делчево – Станке Лисичково, додека со нешто послаб интензитет и во општините Пехчево и Берово.
– Во вакви ситуации апелираме да се вози внимателно најмногу поради појавата на одрони на магистралата А3, Делчево – Македонска Каменица – Кочани. Во моментот одрони се забележани на патот Делчево – Пехчево, заради што исто така упатуваме на внимателно возење, истакнаа од „Македонија Пат”.
Поради најавата за пониски температури, овоштарите стравуваат да не се повтори состојбата од пред неколку години кога во Пијанечко-малешевскиот регион имаше значително измрзнување на овошките.
Добра околност како што додаваат овоштари од делчевско е тоа што се уште нема целосно расцветување на овошките, што можеби ќе влијае да нема поголеми проблеми во однос на измрзнување на самите дрвца.
Инаку освен во малешевијата снег во моментов врне и во ски центарот Попова Шапка, како и Пониква, Крушево, Пелистер и Маврово.