среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Меркел со покраинските лидери ќе разговара за заострување на епидемиските мерки

Меркел со покраинските лидери ќе разговара за заострување на епидемиските мерки

Во услови на зголемен број новозаразени во Германија и зачестените повици до Владата да преземе поодлучни чекори и активности, канцеларката Ангела Меркел закажа состанок со сојузните покраински лидери на кој ќе разговара за заострување на епидемиските мерки.

Како што пренесуваат германските медиуми, на состанокот ќе се разговара дали да се затворат продавниците пред Божикните празници.

Во Германија е на сила забраната за барови и ресторани, а училиштата и продавниците се уште се отворени.

Во последните 24 часа, во Германија биле регистрирани 28.438 нови инфекции и 496 смртни случаи кај пациенти со Ковид-19.