понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА НА ДЕЛО: Работници на ЈП улици и патишта без заштитна опрема и во групи втор ден бојадисуваат пешачки премини (ФОТО)

МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА НА ДЕЛО: Работници на ЈП улици и патишта без заштитна опрема и во групи втор ден бојадисуваат пешачки премини (ФОТО)

Препораките и мерките донесени од страна на Владата на Македонија речиси не важат подеднакво за сите граѓани и институции во државава.

Веќе два дена интензивно Јавното претпријатие улици и патишта бојадисува и поставува нови пешачки премини во населбите Нерези и Козле, поточно на улицата Козле која е во надлежност на претпријатието.

За жал тамошното население на големо реагира на грубото прекршување на мерките донесени од страна на Влада и Министерството за здравство.

Имено работниците без заштитни маски, ракавици и опрема се групираат во групи и ја изведуваат работата заедно што е спротивно во време кога коронавирусот зазема се поголем замав во Македонија.

Претпријатието инаку е во надлежност на градот Скопје, а дали ќе се преземат соодветни мерки против ова грубо кршење на мерките останува да видиме.