Тина Мицковска, познатата вљубеничка во животните и активистка за заштита на нивните права, инаку вработена во скопската Зоолошка градина, видно револтирана од случајот со угинатите коњи во градината.
– Сортните коњи во скопската Зоолошка се отруени со брзоделувачки отров, соопштија вчера надлежните.
– Да скапаат во затвор монструмите! Малце е и тоа за вакви болни умови… – напиша Мицковска на својот фејсбук профил како реакција на оваа трагедија.
– Ние што сме таму за животните и претрпевме се, нема да не спречат со вакви умоболни и монструозни чинови да продолжиме со борбата… Имам прекрасни колеги, кои животот го дале и оставиле таму… Ветувам дека ќе го/ја/ги фатиме кои се психопатите… Никогаш веќе да не се повтори… Што би рекол колегата Војо и пред Бога и пред судот ќе одговараат… Ете сега и јавноста виде со што се соочуваме… – додава таа.
– За да се отрујат коњите на таков начин, не е возможно посетител или некој обичен вработен да го направи тоа (вработени кои би изгинале попрво за животните). Ова е мое лично мислење, а имаме бивши вработени со медицински познавања и пристап до отрови, па не би ме чудело ова да е одмазда кон сите нас што ги сакаме животните, на сметка на тие што земале плата, а мразеле животни… Верувам истрагата ќе покаже се и ќе се докаже кој стои зад ова монструозно дело, вели Мицковска.
– Треба тие луѓе веќе никогаш да немаат пристап до животни, а богами и до луѓе… Опасни се! – видно револтирана вели Мицковска.