Македонската фудбалска репрезентација до 21 година забележа победа над Казахстан со 3:1 на гостински терен.
Ова беше натпревар од 8. коло во квалификациите за пласман на Европското првенство.
Стрелци на головите за „црвено-жолтите“ беа Дарко Чурлинов (два), Јани Атанасов и Димитар Митровски.
За домаќините погоди Оралхан Омиртаев.
На табелата во Групата 6, лидер е Шпанија со 16 бода од шест натпревари, Македонија е втора со 13 бода од седум меча, Казахстан има 10 бода од осум средби. Следуваат Израел со 8 (6), Црна Гора 7 (7) и Фарски Острови 3 (6).
Следен дуел на македонските фудбалери е Израел во вторник во Скопје. (МИА)