вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Монтела: Приказната не е завршена

Монтела: Приказната не е завршена

Тренерот на Севиља, Винченцо Монтела, пред реванш натпреварот против Баерн Минхен од четвртфиналето во Лигата на шампионите смета дека неговиот тим има што да покаже и дека приказната не е завршена.

– Натпреварите се долги и најважно е да не го губиме трпението. Важно е да не примиме гол, особено во првото полувреме. Верувам дека можеме и да гопобедиме Баерн, истакна Монтела.

На првиот натпревар Севиља на домашен терен загуби со 1:2, а вечерва на„Алијанц арената“ ќе го одигра реваншот против Баерн.