сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Најдовски за 100 дена локална власт: Градиме 3 локални патишта, канализациона мрежа и во тек е набавка на ново противпожарно возило

Најдовски за 100 дена локална власт: Градиме 3 локални патишта, канализациона мрежа и во тек е набавка на ново противпожарно возило

Како кандидат за Градоначалник, ветив пред Вас дека ќе ја направиме општина Демир Хисар да биде сервис на граѓаните и дека секогаш ќе биде во функција на континуирано создавање на услови за развој на локалната заедница, како и создавање на услови за поквалитетно живеење на своите жители. За мене, како избран Градоначалник, одговорното, транспарентно и отчетно работење претставува врвен принцип на функционирање и обврска со чија реализација се создаваат предуслови за успешно остварување на локалните политики, истакна Никола Најдовски, градоначалник на општина Демир Хисар на денешниот регионален отчет во организација на ВМРО-ДПМНЕ насловен „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.

Најдовски обвини дека претходниот градоначалник не работел домаќински и општината а наследил со големи долгови

Наследена финансиска состојба на 08.11.2021 година, на денот на извршеното примопредавање, вкупни обврски во износ од 33.540.313,00 денари од кои, долгорочни обврски по кредити – 27.278.469,00 денари, краткорочни обврски кон добавувачи – 6.261.844,00 денари, рече тој.

Исто така тука треба да ги додадеме и обврските кои ги наследивме во Јавното комунално претпријатие а кои вкупно изнесуваат 5.911.742,00 денари од кои долгорочни обврски – 2.000.000,00 денари, краткорочни обврски кон добавувачи – 3.911.742,00 денари, истакна тој.

Најдовски додаде дека во првите 100 дена се започнати со реализација на голем број на проекти кои се од големо значење за сите жители на општината.

Во првите 100 дена раководење со Општината, спроведовме проекти и активности кои ќе донесат директна корист за жителите на Општина Демир Хисар. Во наредниот период ќе ги завршиме веќе отпочнатите проекти но и ќе се посветиме на реализирање нови, со цел модернизација на Општината и подобрување на условите за живот на граѓаните на општина Демир Хисар.

Во тек на реализација се следните проекти:, изградба на општински пат врска Граиште до манастир Св. Тома , крак Вардино до манастир Св. Тома. Патот е во должина од 2 км, предвидено е негово проширување и асфалтирање. Изградба на канализациона мрежа со пред третман на отпадни води за н.м. Белче, во вкупна должина од 2.201 метар. Реконструкција на општински пат во с.Слоештица во должина од 2300 метри, реконструкција на улица во с.Сопотница во должина од 540 м, доизградба на краци од фекална канализациона мрежа во Демир Хисар, реконструкција на улица Гоце Делчев во Демир Хисар. Набавка на противпожарно возило, а со набавката на возилото ќе се доопреми ТППЕ Демир Хисар, додавајќи дека целосно се завршени: Реконструкција со рехабилитација на улица 11-ти Октомври во Демир Хисар, изградба на потпорен ѕид во Слоештица, како и дека Најдовски ги наброи:
Изработка на проектна документација за реконструкција на училишна зграда во с.Вардино. Изработка на проектна документација за Уредување на градски парк, изработка на техничка документација за спортски игралишта во с.Сопотница и с.Вардино, изработка на урбанистичка документација за Кутретино, Белче, Единаковци, Жван, Вардино, Сладуево и продолжување на постапката за ГУП во Демир Хисар.

Најдовски потенцираше дека е започната градежна работа односно изградба на кабинет по природни науки во ООУ Гоце Делчев, како и дека со сопствени средства се врши реконструкција и уредување на домот на културата во општината.

Извршен увид на градежни работи – изградба на кабинет по природни науки во ООУ „Гоце Делчев‟, со што училиштето ќе добие современа просторија за учениците и ќе се овозможат модерни услови за стекнување на знаења и практични вежби по предметите. Со сопствени средства се врши реконструкција и уредување на просториите во Домот на културата Илинден Демир Хисар, а планирана е реконструкција на санитарните јазли во домот. Се реализира санација на кров и прочистување на хоризонтални олуци на спортската сала „Јордан Пиперката‟, Демир Хисар, со што се реши повеќегодишниот проблем со протекување и оштетување на салата. Со одлука донесена од страна на Советот на општината за секое новороденче и за секој склучен брак во општината се исплаќа еднократна парична помош во износ од 10.000 денари, изјави тој.

Во однос на комуналните работи, Најдовски додаде дека се мапирани неколку диви депонии и е започнато со еко акција за чистење на истите, како и дека е извршена поправка на локалните патишта кои водат до манастирските комплекси.

Мапирани се сите диви депонии од страна на надлежните служби кои се под ингеренции на општината и, следствено на тоа, ЈКП „Комуналец‟, во соработка со општината, започна со еко – акции за чистење на истите и дислоцирање, со што ќе се спречи и појава на други. Овие еколошки активности сѐ со цел заштита на животната средина и чиста и здрава околина. Извршени се поправки на локални патишта кои водат до манастирските комплекси во населените места во општината. Санирани се оштетени делови од патот, сѐ со цел непречено да се празнуваат и да се овозможи пристап до црковно – народните собири кои ги организираат граѓаните, заклучи Најдовски.