Најмалку четири лица загинаа, а 25 се ранети во престрелка во Балтимор, град во сојузната држава Мериленд, пренесоа американските медиуми повикувајќи се на локални службеници и сведоци.
Порталот „BNO News“ објави дека масовното пукање наводно се случило нешто по полноќ по локално време на забава на која присуствувале повеќе од 100 луѓе по повод „Денот на Бруклин“. Очевидци велат дека биле испукани околу 30 истрели.
Други детали засега не се познати.