недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Никој не го забележа: Како Меси мамеше при мајсторскиот слободен удар против Далас (ВИДЕО)

Никој не го забележа: Како Меси мамеше при мајсторскиот слободен удар против Далас (ВИДЕО)
foto:twitter.com/InterMiamiCF

Лионел Меси има одличен старт на новата приказна во неговата кариерата, епизодата во МЛС составот Интер Мајами.

Ветеранот досега има одиграно четири средби за новата екипа на кои има дадено седум гола од кои два на гостувањето кај Далас во лудата средба од 4-4 која потоа беше решена на пенали.

На тој меч Меси го спаси својот тим со мајсторски погодок од слободен удар во самиот финиш, слободен удар при кој Лео успеа да си ја намести топката онака како што посакуваше.

Според правилата од местото на прекршокот се изведува прекинот, но овојпат Лео максимално ја искористи ситуацијата кога судијата се заврте со грб кон него и си ја постави топката на топ местенце по што со магија донесе ерупција на трибините.