Александар Николоски, носителот на ВМРО-ДПМНЕ изборната единица 4, на фејсбук објави видео спот и напиша дека добил поддршка од Претседателот Ѓорге Иванов, неговиот професор од студентските денови од кого научил многу за политиката.
-Денес сум горд што добив поддршка од Претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов мојот професор од студентските денови од кого научив многу за политиката која сега ја применувам е најчесниот и најискрен Претседател кого Македонија го имала. Далеку најголем патриот на чело на државата. Човек кој се спротистави на националното обезличување на Македонија. Неговата визија и совети се од голема помош за мене во оваа кампања. Денес во неговото родно Валандово разговараме за иднината на Македонија. Ќе ја направиме економски силна, а народот национално горд. Заедно ќе победиме во четворката и во цела Македонија, напиша тој.