недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Нирај Чопра го освои првото олимписко злато во атлетика за Индија

Нирај Чопра го освои првото олимписко злато во атлетика за Индија

Индиецот Нирај Чопра (23) стана првиот олимписки првак во атлетика од својата земја, откако попладнево го освои златниот медал на Игрите во Токио во фрлање копје со резултат од 87.58 метри.

Чопра во првата серија го фрли копјето на далечина од 87.03 метри, а во постигна далечина од 87.58, што е за половина метар пократко од неговиот личен рекорд, но доволно за прво олимписко злато за Индија.

Најблиску до Чопра се приближија чешките натпреварувачи, сребрениот Јакуб Вајдлех (86.67 метри) и ветеранот Вјечеслав Весели, кој со далечина од 85.44 метри го освои бронзениот медал.

Сопственикот на најдобриот резултат сезонава со 96.29 метри, Германецот Јоханес Ветер, разочара и го освои дури деветтото место.