недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

ОФИЦИЈАЛНО: Хуан Карлос Пастор нов селектор на Египет

ОФИЦИЈАЛНО: Хуан Карлос Пастор нов селектор на Египет

Ракометната репрезентација на Египет најде замена за Роберто Гарсија Парондо. Нов селектор на најдобрата неевропска репрезентација ќе биде Хуан Карлос Пастор.

Шпанскиот тренер следното лето по 10 години ќе го напушти унгарскиот Пик Сегед и ќе седне на клупата на Египет.

Светскиот шампион од 2005 година со Шпанија потпиша едногодишен договор со Египќаните за да им помогне да се квалификуваат и да постигнат најдобар можен резултат на Олимпијадата 2024 година во Париз.

Претходниот тренер Парондо ги постави целите високи, бидејќи „фараоните“ го освоија четвртото место на Олимписките игри во Токио.