среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Павличковски нов голман на Голден Арт

Павличковски нов голман на Голден Арт

Македонскиот ракометен прволигаш Голден Арт ги засили своите редови на голманската позиција за новата сезона со младиот и талентиран Мартин Павличковски со кого потпиша двегодишен договор.

Павличковски кариерата ја почна во Металург под водство на актуелниот тренер на Голден Арт, Никола Матлиевски.

Изминатите две сезони беше дел од сениорската екипа на Аеродром, обезбедувајќи бараж натпревар за влез во Суперлигата.

Павличковски заедно со Златко Даскалоски и Петар Виларов го комплетираат голманското трио на Голден Арт за новата сезона во македонската Суперлига. (МИА)