Оваа Влада во недостаток на резултати секогаш се обидува да се сокрие под превезот на евроинтеграцијата, рече пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната дебата за разрешување на замениците министри.
„Токму вчера пристигна европскиот шамар за оваа нова владина коалиција. Австрискиот амбасадор јасно укажува со упатување на писмо, но и до членовите на Комисијата за европски прашања во кое јасно ви вели дека го злоупотребувате европското знаме за ваши бизнис интереси, односно за закон кој нема врска со европската регулатива. Тоа е јасен демант дека оваа Влада тешко може да работи на европската иднина на Македонија
Според пратеничката оваа Влада имаше шанса шест години да покаже дека се бори со корупцијата, да покаже реформи во правосудството.
„Извештајот на ЕК во изминатите две години дава најниска оцена за Македонија. Во 2021 имате оценка 1.52, изминатата година 1,61. Знаете кога Македонија имала највисока оцена тоа е онаа Влада во 2011 која вие ја нарекувавте режимска. Тогаш оценката била 2.53“, рече Петрушевска.
Едно е сигурно, заклучи Петрушевска, оваа Влада мора да замине за Македонија да оди напред.