среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Последен ден од групната фаза на ЕУРО 2020

Последен ден од групната фаза на ЕУРО 2020

Осминафиналните двојки на Европското првенство во фудбал ќе бидат комплетирани денеска со одигрување на завршните четири натпревари во групите Е и Ф.

Шпанија во рамки на групата Е од 18 часот во Севиља е домаќин на Словачка, додека во истиот термин Шведска и Полска ќе играат во Санкт Петербург.

Шведска е првопласирана во групата со четири бодови и обезбеди пласман во нокаут фазата. Словачка е втора со три бодови, Шпанија со бод помалку е третопласирана, додека Полска влегува во завршниот дуел со еден освоен бод.

Во „реприза“ од последното европско финале, вечерва од 21 часот во Будимпешта играат Португалија и Франција, додека во Минхен, германската репрезентација ја пречекува Унгарија.

Франција е првопласирана во групата Ф со четири бодови и веќе обезбеди пласман во осминафиналето на ЕУРО2020. Германија со три бодови е второпласирана, пред актуелниот европски првак Португалија, која има ист број бодови, но послаба гол-разлика, додека Унгарија е четвртопласирана во групата со еден бод.

Распоред на натпревари во осминафиналето на ЕУРО2020:

Сабота – 26 јуни

18:00, Амстердам: Велс – Данска

21:00, Лондон: Италија – Австрија

Недела, 27 јуни

18:00, Будимпешта: Холандија – 3Д/Ф

21:00 Севиља: Белгија – 3 А/Е/Ф

Понеделник, 28 јуни

18:00, Копенхаген: Хрватска – 2Е

21:00, Букурешт: 1Ф – 3 А/Ц

Вторник, 29 јуни

18:00, Лондон: Англија – 2Ф

21:00, Глазгов: 1E – 3 Б/Ц/Д.