Во Хрватска денеска е потврдено присуство на антракс од кој веќе угинале повеќе од 100 говеда, а четири лица се во болница.
Лабораториска анализа на примероци од угинати животни направил Хрватскиот ветеринарен институт во Загреб.
Министерството за земјоделство во Загреб соопшти дека кај говедата што угинале во реонот на паркот на природата „Лоњско Поље“ е потврдена болеста антракс.
Се наведува дека на пасиштата Осеково угинале голем број животни, а на угинувањето им претходела појава на невролошки проблеми.
Според неофицијални информации на загрепски Вечерњи лист, угинале 107 говеда, додека четири лица се заразени. (МИА)