петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Прогласена најубавата жена- еве кој ја понесе титулата

Прогласена најубавата жена- еве кој ја понесе титулата

Списанието „Пипл” секоја година прогласува најубава позната дама на годината, а овојпат титулата ја понесе холивудската ѕвезда Џенифер Гарнер.

Гарнер, која инаку е на прагот од петтата деценија од својот живот, ја краси насловната страница од мајскиот број на познатото списание, и тоа без нималку шминка на лицето. Во врска со „тајните на безвременската убавина“, таа во интервјуто нагласува дека најзаслужни се нејзините деца – Вајолет (13), Серафина (10) и Семјуел (седум).

–Штом се вратам дома од некое снимање или настан, ми велат да ја тргнам шминката од лицето, да си ја врзам косата и да ги ставам очилата. Тоа им е омилениот мој изглед и за мене тоа е комплимент, изјави Гарнер.

За оваа ласкава титула на најубава жена, таа нагласува дека е доста изненадена.