сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Се подготвува ли Русија за воведување на воена состојба и што би значело тоа?

Се подготвува ли Русија за воведување на воена состојба и што би значело тоа?

Собранието на Руската Федерација во петок би требало да оддржи вонредна седница. Како што пишува Гардијан, тоа предизвикало низа на шпекулации во Москва дека ќе биде воведена воена состојба која на државните органи им овозможува големи овластувања и значајно ограничување на слободата на движење и говор на граѓаните.

Воената состојба во Русија последен пат е воведена неколку пати за време на Вторат светска војна.

Гардијан ја цитираше влијателната руска аналитичарка Татајана Станова, која на својот Твитер профил во средата објави дека воведувањето на вонредна состојба би било „логично“.

-Воведувањето на вонредната состојба на надлежните ќе им овозможи да воведат воена цензура како и поголема тајност во сите активности на државнат и локалната власт, објавила Станова.

Доколку Кремљ го повлече овој потег, ќе следува втоматско продолжување на мандатите на сите избрани институции и поединци. Последен пат Собранието на Руската Федерација се состана, кога на рускиот претседател Владимир Путин му одобри да ангажира воени сили во странство, два дена пред почетокот на инвазијата врз Украина, која започна на 24. февруари.

Официјално, на дневен ред на вонредната седница свикана за во петок е усвојување на пакет антикризни мерки како одговор на санкциите на Западот.

Гардијан потсетува дека до сега ширум Русија приведени се повеќе од 6.500 лица поради учество на антивоените демонстрации. Државните органи последните денови се пресметуваат и со останатите независни опозициски медиуми. Во вторникот Јавното обвинителство на медиумскиот регулатор му наложи да го блокира емитувањето на либералните московски радио станици „Ехо Москва“ и на опозицискиот ТВ канал „Дожд“.