петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Шкендија без проблеми до бодовите на гостувањето кај Борец

Шкендија без проблеми до бодовите на гостувањето кај Борец

Актуелниот македонски фудбалски шампион Шкендија од Тетово попладнево забележа победа на гостински
терен во Велес против Борец со 3:0.

Ова беше првиот натпревар од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Другите пет средби се закажани за утре. Двојките се:

Академија Пандев – Скопје
Работнички – Шкупи
Ренова – Македонија ЃП
Струга – Брегалница
Тиквеш – Пелистер.

Табела: Шкупи 45 бодови, Шкендија 40 (натпревар повеќе), Академија Пандев 35, Ренова 30, Македонија ЃП 30, Брегалница 29, Струга 26, Работнички 25, Скопје 21, Тиквеш 15, Борец 13 (натпревар повеќе), Пелистер 5.