Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, при што на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Врнежи од снег се регистрирани на Попова Шапка.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.