Кошаркарската федерација на Турција одлучи да ги казни Американците Шејн Ларкин и Скоти Вилбекин, кои имаат и турско државјанство, бидејќи не сакаат да играат за репрезентацијата.
Нивната одлука да не играат на претквалификациите за ЛОИ во Париз 2024 ги налути селекторот Ергин Атаман и луѓето во Федерацијата, кои одлучија да ги казнат така што тие повеќе нема да се сметаат за турски кошаркари во домашниот шампионат.
Со оваа одлука казнети ќе бидат и клубовите за кои настапуваат Ларкин и Вилбекин, Анадолу Ефес и Фенербахче, за кои турските медиуми шпекулираат дека тие не ги пуштиле кошаркарите да играат за репрезентацијата.
Ларкин и Вилбекин заработија суспензија од пет натпревари и парична казна од по 3.000 евра.
Ларкин за турските медиуми изјави дека не можел да ѝ помогне на репрезентацијата бидејќи бил повреден, додека Вилбекин ги игнорирал повиците од селекторот Атаман.