На пакетчето од лекот сигурно сте прочитале упатство дека таблетата треба да ја испиете со чаша вода.
Резултатите од новата студија сугерираат дека тоа е навистина важно. Во јулското издание од списанието „Saudi Pharmaceutical Journal“ објавени се резултати од студијата кои се занимавале со ефектите од консумирањето разни пијалаци со лекови.
Истражувачите набљудувале пет видови лекови кои се издаваат на рецепт, а служат за ублажување на болките, воспаленија и алергии. На крајот заклучиле: „Тестираните пијалаци не треба да се користат како замена за вода при консумирање лекови“.
Тоа е така поради тоа што речиси во сите случаи пијалаците кои ќе ги наведеме во текстот значително го продолжиле времето на распаѓање на лекот, што може да предизвика намалување на дејството на лекот пред да се апсорбира во телото. Тоа може да влијае на неговото делување во ублажување на симптомите, а потенцијално и да предизвика други проблеми.
Кафе
Студијата сугерира дека топлите напитоци, како кафе, можат да го сменат хемискиот состав на лекот и времето на неговото разложување.
Сок од портокал
Резултатите на оваа студија откриле дека сокот од портокал најмногу влијае на временското отпуштање на лекот.
Кока-кола
Кока-колата е пијалак кој влијае на распаѓањето на поголем дел од лековите во студијата, освен на еден наменет за лекување на симптоми на алергија.
Енергетски пијалаци
Не треба да се спомене колку енергетските пијалаци всушност се нездрави. Во оваа студија се докажало дека исто така меѓу пијалаците кои не треба да се консумираат при пиење таблета, се токму тие.