среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Тајани: Италија сака дипломатски решенија за Нигер и Габон

Тајани: Италија сака дипломатски решенија за Нигер и Габон

Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска изјави дека Италија работи на постигнување дипломатски решенија по воениот удар во Габон.

– Италија останува посветена на изнаоѓање дипломатско решение за кризата во Нигер, како и таа во Габон, работејќи во координација со своите партнери, посочи Тајани.

Тој додаде дека е „исклучително важно европските земји да одржат целосно единство во потрагата по мирно решение, што ќе обезбеди мир и стабилност за целиот регион Сахел, работејќи во хармонија со регионалните партнери“.