понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Македонија

Тоше и Габриела Зафирови на средба со градоначалникот Ѓорѓиевски

Тоше и Габриела Зафирови на средба со градоначалникот Ѓорѓиевски

Првите Македонци кои воопшто учествувале на “Мистер Олимпија”, од таму се вратија со медали.

По огромниот успех на ова светско натпреварување во фитнес и бодибилдинг, каде Арнолд Шварценегер бил победник пет пати, Тоше Зафиров и Габриела Зафирова денес беа гости на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Тој најпрво им честиташе за огромниот успех постигнат на најстарото и најеминентното натпреварување, кое од 19 до 21 август годинава се одржа во Букурешт, Романија. Меѓу повеќе од 2000 натпреварувачи, Тоше Зафиров успеа да влезе во финалето и се пласираше како петти, додека неговата сопруга Габриела во категориите бикини фитнес и велнес успеа да земе две трети места.

Поразговараа и за подготовките за следниот натпревар, “Мистер Олимпија” во Лас Вегас, за што интензивно работат, како и за значењето на фитнесот како дел од здравото живеење, кој секој може и треба да го применува.

Зафиров информираше дека во клубот “Гладијатор”, лоциран во Кисела Вода, имаат околу 400 членови, меѓу кои има и лица над 70 години.

Со градоначалникот Ѓорѓиевски, парот Зафирови говореше и околу можностите за мотивирање и инспирирање на помладата генерација, како и за промовирање на здравиот начин на живот, како концепт кој ќе го следат во годините што се пред нив. Од 1997 година до денес, Зафирови имаат освоено огромен број на награди и сертификати, а преку нивната Академијата FitBiz обучија и многу други да го прават истото.

Зафиров е и автор на книгата Книга „Патот кон врвот”, која во следниот период ќе добие и свое продолжение насловено “Патот до Олимпија”.

-Големите цели бараат големи идеи, посветена работа и дисциплина. Тоа е единствениот пат кон успехот, и вредностите кои Кисела Вода и јас како нејзин градоначалник ги почитува и цени. Ви посакувам уште многу успеси и ваша лична, но преку нив и афирмација на Општина Кисела Вода. На нашата поддршка секогаш може да сметате, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски на крајот од средбата.