Згодната српска пејачка која е една од најбараните во моментов за забави, Теодора Џехверовиќ позиаше во долна облека и како во стилот на ангелите на Викторија сикретс си додаде крилја.
Меѓу дузината воодушевувања од фановите, стигнаа и коментари дека немала потреба за фотошоп интервенција, односно за стеснување на струкот, зашто секако е згодна.
Dzehva gori, ali stvarno nema potrebe za aplikacijama za suzavanje struka 🤡 obratite paznju na stomak, pobeglo im malo #caosvima pic.twitter.com/hIkQy31JT7
— Yugogirl (@dskotehnotronik) June 9, 2023
Сепак, не се сите воодушевени од младата пејачка.
Неодамна на настапот на Теодора Џехверовиќ се случи инцидент кога од публиката во една дискотека ѝ беше фрлена чаша полна со пиво.
Имено, за време на настапот на Теодора, без да се посомнева дека ќе има проблем, пејачката ја вжешти атмосферата со своите секси танцови потези. Тогаш во еден момент се слушна вресок од публиката, а потоа чаша полна пиво прелета кон Џехверовиќ, по што таа извика преку микрофонот.
– Кој го направи ова? Кој? Како ви изгледа ова? Што е поентата, не разбирам? Фрлање шишиња и чаши, не сме затоа тука – извика Теодора.
Потоа пејачката се созема и продолжи со својот настап, а повеќе детали погледнете во продолжение:
@idjshowfunny #foryou #viral #balkan #teodoradzehverovic #mahrina @TeodoRa 🤩 @mahrinaye ♬ original sound – idjshow