вторник, 27. февруари 2024. Вести денес: 0
home Македонија

Украинска државјанка пронајдена откако се изгубила на Попова Шапка

Украинска државјанка пронајдена откако се изгубила на Попова Шапка

Полицијата информира дека вчера околу 18,30 часот, во непосредна близина на месноста „Шипковачки бачила“, под Попова Шапка, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово ја пронашле украинската државјанка Ф.О.(21).

На истата и била пружена помош, откако претходно заталкала симнувајќи се низ шумскиот предел „Сидол“.

Ф.О. кампувала во близина заедно со Ј.М.(27) од Германија и Р.Ц.(20) од Израeл. Тројцата, потоа продолжиле со кампувањето.