Унгарија ќе ги затвори средните училишта, универзитетите и рестораните, и ќе воведе продолжен полициски час од вторник на полноќ, со цел да го спречи брзиот пораст на зараза со коронавирус, најави премиерот Виктор Орбан.
Тој денеска истакна дека спортските настани ќе се одржуваат без публика, а сите собири ќе бидат забранети.
– Новите рестриктивни мерки се потребни бидејќи доколку продолжи ширењето на заразата со ова темпо, тогаш унгарските болници нема да можат да го издржат товарот, нагласи Орбан.