петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Вака изгледа жена која менува маж од корен: Поради неа славниот музичар ја напуштил сопругата, ослабнал и почнал да вежба…

Вака изгледа жена која менува маж од корен: Поради неа славниот музичар ја напуштил сопругата, ослабнал и почнал да вежба…

Џесика Ледон е актерка и модел, но нам ни е позната како девојка на Дејвид Гета – онаа која го натерала да се разведе и да ги промени животните навики.

Џесика Ледон има 30 години и титула на заводничка. Поради неа Дејвид Гета се развел од поранешната сопруга со која бил заедно 22 години, ги напуштил и своите деца, а започнал и да вежба.

Да, добро прочитавте – го натерала да вежба.

Инаку, Џесика е од Куба, позната е како актерка и модел, но изгледа дека престојувањето на плажа е нејзина природна дестинација која навистина ја обожава.

Деновиве папарацо фотографите успеале да ја „уловат“ Џесика како ужива на плажа во Мајами и тоа без Дејвид Гета.

Не е познато како Џесика ја одржува својата беспрекорна линија на тело, но поради неа Дејвид Гета вежба секој ден – по 45 минути дневно. Покрај стандардното вежбање со тегови, Дејвид двапати неделно вози велосипед и често пешачи.

Својата љубов кон Џесика тој не ја крие и се труди максимално разликата во нивните години да не е толку видлива.