Лалињата се едни од симболите на пролетта, но она што ги разочарува сите е тоа што тие траат многу кратко време и брзо овенуваат.
Меѓутоа еден трик од Тик Ток буквално стана вирално овие денови ниц целиот свет во екот на пролетните денови кога лалињата ќе започнат да цветаат и да се продаваат.
Со оваа помош и начин на одржување тие ќе живеат подолго и ќе ни го разубавуваат просторот.
Се што треба да направите е следново:
Одвојте го букетот од лалиња и секое стебло скратете го право
Стеблото мора да биде скратено, бидејќи ова цвеќе обожува вода и брзо ја пие, што влијае на тоа брзо да овене.
Кога ќе ги скратите рамно, наместо косо, тие можат помалку да земаат вода, но и онолку колку што им треба.
Следното е да ги скратите листовите
Лалето обожува пространост, нивните листови ги спречува да мрдаат, особено кога целиот букет е во една вазна.
Клучната работа е да се променува водата
Водата на лалињата менувајте ја на секој два дена, тоа влијае многу на нивната свежина.
@doublefamilylab Pretty pink tulips 🌷💌 #flowerhack #aesthetic #flowers #springiscoming #tulipseason #homedecor #decorinspo #tulips #decorideas ♬ Pink Sky – Muspace